Достапни линкови

Демонстрации во Атина против мерките за штедење


Над 7 илјади луѓе протестираа синоќа во Атина против политиката на штедење пред денешниот самит на Европската унија од кој зависи иднината на Грција во еврозоната. Демонстрантите беа посетени и од високи претставници на владејачката партија Сириза, меѓу кои и министерот за енергетика Панајотис Лафазанис. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Да ги запреме кредиторите“ и „Земјата не е на продажба“. Собири на солидарност со Грција беа одржани и во Белгија, Холандија, Германија, Италија и Франција.

XS
SM
MD
LG