Достапни линкови

Заев не оди во Брисел, Хан е за продолжување на разговорите


Изјава за медиуми на Зоран Заев.

Изјава за медиуми на Зоран Заев.

Заев изјави дека нема да присуствува на закажаната средба со еврокомесарот Јоханес Хан на 10 јуни во Брисел. Комесарот за проширување телефонски му пренел на Заев дека треба да се продолжат разговорите.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска изјави дека нема да присуствува на закажаната средба со еврокомесарот Јоханес Хан на 10 јуни во Брисел. Според Заев, изјавата на Хан во Вашингтон содржи елементи на пристрасност и не е соодветна во подготвителниот период пред одлучувачката средба во Брисел. Тој порача дека зачудува оценката на Хан за генерално позитивни извештаи од набљудувачката мисија на ОБСЕ за последните изборни циклуси во Македонија. Ниту ОБСЕ, ниту ЕУ, како што наведе Заев, досега не констатираа дека извештајот за изборите во Македонија е позитивен.

За целиот овој период ние се однесуваме максимално демократски и седнавме на заедничка маса и покрај нерамноправната позиција на која што бевме поставени.

Дополнително, според него, доказите од проектот „Вистината за Македонија“, ја разоткриле и криминалната позадина на повеќе изборни циклуси во земјава, организирани и спроведени од Никола Груевски и неговата власт.

„За целиот овој период ние се однесуваме максимално демократски и седнавме на заедничка маса и покрај нерамноправната позиција на која што бевме поставени“, изјави лидерот на СДСМ.

Заев вели дека по разговорите на 2 јуни во Скопје, на кои присуствуваше и Хан, подигнат е уште еден обвинителен акт против него и тоа за земање поткуп иако кривичната пријава на МВР била за обид за поткуп. Тврди дека е направена диверзија на автомобилот на синот на Зоран Верушевски и оти се направени нови претреси на домовите на притворените лица.

Комесарот ги повикува сите партиски лидери да ги почитуваат обврските преземени на 2 јуни за надминување на актуелната криза и да ги продолжи разговорите за да се најде брз и траен договор.

„Дадовме максимум во овој сериозен процеси очекуваме тоа да се почитува од сите страни, изјави Заев.

Хан - Партиите да го почитуваат договореното

Комесарот за проширување Јоханес Хан денеска телефонски разговарал со лидерот на СДСМ Зоран Заев, како што соопшти ЕК, за да го разјасни покренато прашање во врска со меѓупартискиот дијалог што го олеснува ЕУ, а по договорот постигнат во Скопје во вторникот на 2-ри јуни.

„Комесарот ги повикува сите партиски лидери да ги почитуваат обврските преземени на 2 јуни за надминување на актуелната криза и да ги продолжи разговорите за да се најде брз и траен договор со кој мора да се реши легитимната загриженост во врска со владеењето на правото и да се врати довербата на јавноста во институциите на државата. Тоа е во интерес на сите граѓани на земјата“, стои во соопштението на ЕК.

Комесарот потврди дека целосно и недвосмислено ја поддржува оценката на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и предвремените парламентарни избори во ПЈРМ во 2014 година. ЕК потенцира дека во неколку наврати ја повторила потребата да се истражат потенцијалните злоупотреби кои произлегуваат од прислушуваните разговори, меѓу кои и тие за изборните измами.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG