Достапни линкови

logo-print

Екс функционер на ФИФА признал дека земал мито


Поранешниот член на Извршниот одбор на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА Чак Блејзер признал пред американските сојузни судии дека тој и други членови на Одборот се согласиле да примат мито за да гласаат Јужна Африка да биде домаќин на Светското првенство во 2010 година. Американските обвинители објавија транскрипт од сослушувањето одржано во 2013 година во текот на кое Блејзер пред судот се согласил да ја признае вината. Тој признал и дека посредувал во давањето мито и во 1992 година при изборот на домаќинот на Светскиот куп во 1998 година. Претседателот на ФИФА Сеп Блатер завчера поднесе оставка поради корупцискиот скандал што ја потресува оваа организација.

XS
SM
MD
LG