Достапни линкови

Првата руска платежна картичка ќе се вика Мир


Руските власти објавија дека првата владина платежна картичка ќе се нарекува Мир односно свет. Националниот систем за платежна картичка, компанија управувана од Руската централна банка, на својата интернет страница соопшти соопшти дека името и решението за платежната картичка било избрана преку онлајн конкурс. Од таму велат дека името Мир и логото со глобус на него биле дело на непознат автор од регионот Удмуртиа. Авторот ќе биде награден со околу 3000 американски долари на церемонија на 28 мај. Компанијата претходно соопшти дека планираат да почнат со изработка на картичките во декември.

XS
SM
MD
LG