Достапни линкови

Побарано од БиХ да ги продолжи реформите


Валентин Инцко

Валентин Инцко

Претставникот на Обединетите нации во Босна и Херцеговина Валентин Инцко побара конкретни резултати во креирањето работни места, функционирањето на владата и на владеењето на правото во таа земја пред истекот на 20 годишнината од постигнувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши граѓанската војна. Австрискиот дипломат на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации истакна дека алтернатива на тоа е продолжување на политиката од минатото која, како што рече, ја води земјата во длабока криза. Во март годинава Европската унија усвои спогодба за асоцијација со Босна и Херцеговина чии новоизбрани лидери потпишаа ветување дека ќе ги спроведат реформите.

XS
SM
MD
LG