Достапни линкови

Студентски пленум-Власта нелегитимна го прекинуваме дијалогот


Од Студентскиот пленум денеска соопштија дека ја напуштат работната група за изработка на новиот Закон за високо образование и ја прекинуваат понатамошната соработка со Министерството за образование и Наука. Одлуката била едногласно донесена на вчерашниот генерален пленум.

„Во време кога основните демократски процеси и вредности на нашиот политички систем се крахирани и кога нашето општество се соочува со вакви проблеми, имаме доволно причини за сомнеж во легитимитетот на оваа Влада, односно –оваа Влада е нелегитимна“, се вели во соопштението.

Тие порачаа дека единствен метод на искажување на револтот е мирното протестирање и притоа повикааа на единство и разум и да не се подлегнува на провокации.

XS
SM
MD
LG