Достапни линкови

Недоверба во македонските безбедносни служби?


Нивната нереакција апсолутно наведува на тоа дека тие не ги споделуваат нашите согледувања и оценки или и тие имаат некои свои видувања за сето тоа, вели Благоја Марковски.

„За оваа група во почетокот на 2015 година писмено информиравме, 17 партнерски служби на земјите од Европската унија и НАТО, како и земјите во регионот, а размената на информации, со цел да се изврши превенција на намерите на групата не даде резултат.

Веројатно тие своите проценки ги споредиле со неговите информации и дошле до такво сознание дека нема потреба да се нешто повеќе да се направи отколку меѓусебното информирање.

Оваа изјава на претседателот Ѓорге Иванов дадена по синоќешниот совет за безбедност кај аналитичарите отвора неколку дилеми околу довербата на другите служби во проценките на македонската , но и во искреноста на соработката.

Според Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност, проценките на претседателот за опасноста од терористичката група, но и на МВР кои оценија дека се работела за една од најопасните кои биле закана за целиот регион, се само нивни.

„Веројатно тие своите проценки ги споредиле со неговите информации и дошле до такво сознание дека нема потреба да се нешто повеќе да се направи отколку меѓусебното информирање. Нивната нереакција апсолутно наведува на тоа дека тие не ги споделуваат нашите согледувања и оценки или и тие имаат некои свои видувања за сето тоа“, вели Марковски.

Префрлување на проблеми од една на друга земја во овие денешни прилики, кога имаме нестабилен мир на Балканот, на никого не му одговара, затоа што тоа е пренесувачка категорија на конфликтот.

Поранешниот заменик министер за одбрана професорот Назми Малиќи, пак, нагласува дека Македонија се граничи со три земји-членки на НАТО, Албанија, Грција и Бугарија и со Косово во кое има сили на НАТО и како што вели на никому, ниту на земјите од регионот, ниту на Европа не и одговара нестабилност. Затоа повикува да се објасни подетално комуникацијата со партнерските служби која ја спомена Иванов, за да не се создавале дополнителни забуни во јавноста.

„Секако дека треба да се обелодени точно за таа помош што е барана од нашата земја и зошто не е пружена таа помош, зошто таа соработка недостасува. Префрлување на проблеми од една на друга земја во овие денешни прилики, кога имаме нестабилен мир на Балканот, на никого не му одговара, затоа што тоа е пренесувачка категорија на конфликтот. Денеска го има во Македонија, утре ќе го има во Србија или во Албанија“, вели Малиќи.

Тој смета и дека македонските служби треба да бидат, како што вели, поуверливи во соработката со НАТО, ОБСЕ и ЕУ затоа што не се соработувало само инцидентно, туку како што додава во континуитет.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG