Достапни линкови

Забрането за протести пред МВР


Не може да се протестира ниту пред МВР, откако полициски кордон им го попречи патот на демонстрантите кои протестираат против полициска бруталност. Демонстрантите откако беа спречени да протестираат пред зградата на Владата, се упатија кон Министерството за внатрешни работи за таму да го изразат својот револт, но се спречени во својата намера. Насобраниот народ извикува „полициска држава“. Претходно полицијата, како и вчера и завчера ги блокираше сите пристапи до владата. Додека демонстрантите поминуваа пред кампот на Средношколскиот пленум имаше аплауз од двете страни и се извикуваше „заедно сме посилни.“

XS
SM
MD
LG