Достапни линкови

На демонстрантите им е забранет пристап до Влада


Полицијата и денеска ги блокира сите пристапи до владата и не им дозволува на демонстрантите да се приближат до владината зграда. Полицајците ги блокираа двете раскрсници во близина на Владата речиси еден час пред почетокот на протестот во 18 часот. Демонстрантите четврти дека протестираат против полициска бруталност, барајќи одговорност од надлежните за прикривање на убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски пред четири години во Скопје. Само во вторникот протестот се одржа пред Влада, но по судирот меѓу демонстрантите и полицијата, следниот ден пристапот кон Влада беше забранет, по што протестот заврши пред Собрание. Вчера откако не им дозволија да протестираат пред Влада, демонстрантите се упатија кон Јавното обвинителство, но и таму не им беше дозволено, по што пак се протестираше пред Собрание. И вчера и завчера на протестите беа забележани групи на провокатори, но по интервенцијата на луѓето кои протестираа тие беа спречени да направат инциденти. Освен во Скопје се протестира и во други градови во Македонија.

XS
SM
MD
LG