Достапни линкови

Берлин: руските мотоциклисти не се членови на „Ноќните волци“


Германското министерство за внатрешни работи соопшти дека немало докази оти руските мотоциклисти кои влегле во Германија биле дел од националистичката група „Ноќни волци“. Оваа група која е голем поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека нејзини членови започнале турнеја по Европа во знак на одбележување на 70 годишнината од победата врз нацистичка Германија во Втората светска војна. Според, германското министерство, мотоциклистите кои влегле во Германија најверојатно биле симпатизери, но не и членови на „Ноќните волци“.

XS
SM
MD
LG