Достапни линкови

Кери- Да се нормализираат односите меѓу Турција и Ерменија


Американскиот државен секретар, Џон Кери

Американскиот државен секретар, Џон Кери

Американскиот државен секретар, Џон Кери изјави дека е неопходно да се нормализираат односите меѓу Турција и Ерменија. Во соопштението на Стејт департментот Кери потенцира дека е важно Анкара да преземе конкретни чекори за „помирување со Ерменија“. Кери синоќа во Вашингтон оствари средба со шефот на турската дипломатија Мевљут Чаушоглу. На средбата меѓу другото станало збор и за ситуацијата во Украина, Јемен, Либија и Кипар.

XS
SM
MD
LG