Достапни линкови

logo-print

Претседателот Иванов свика состанок на државниот врв


Архивска фотографија, Седница на советот за безбедност.

Архивска фотографија, Седница на советот за безбедност.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов свика состанок на кој надлежните институции од областа на одбраната, безбедноста и разузнавањето ќе го информираат државниот врв на Република Македонија за актуелните настани.

Состанокот, како што се наведува во соопштението ќе се одржи вечерва во Кабинетот на Претседателот, по враќањето во државата на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски од Рим и на претседателот на Владата Никола Груевски од Брисел.

Терминот за одржување на состанокот дополнително ќе биде соопштен.

XS
SM
MD
LG