Достапни линкови

logo-print

Казни за 42 вработени во МВР


МВР денеска соопшти дека во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 42 решенија против 42 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор. Притоа, на 30 вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на осум вработени мерка - “запирање на постапката“, на двајца вработени мерка – „распоредување две нивоа пониско“, на еден вработен мерка – „распоредување едно ниво пониско“ и на еден вработен изречена му е мерка „отказ“.Најголемиот број од казните се во висина од 15 отсто од месечната плата, заради неодржувано чисто и подмачкано формациското оружје, спиење на работното место, пиење, неактивност.

XS
SM
MD
LG