Достапни линкови

logo-print

Светска банка-Руската економија ќе има поголем пад од очекуваниот


Светска банка предвидува дека руската економија ќе има поголем пад од предвидениот во наредните две години доколку продолжат ефектите од ниските цени на нафтата и западните санкции поради мешањето на Москва во Украина. Според извештајот, бруто домашниот производ на Русија годинава ќе се намали за 3,8 проценти, наместо 2,9 отсто како што беше превидено во јануари.

Предвидувањата на Светска банка се дека БДП на земјата ќе продолжи да паѓа и во 2016 година, но само за 0,3 отсто. Инфлацијата на Русија, како што е наведена ќе биде 10 проценти, а одливот на капитал ќе изнесува околу 80 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG