Достапни линкови

Почина обвинителот во заложничката драма во Истанбул


Обвинителот кој бил тешко ранет во текот на вчерашната полициска операција за совладување на неговите грабнувачи во судот во Истанбул им подлегнал на повредите. Полицијата по шестчасовни преговори спроведе акција за совладување на двајцата киднапери, членови на една забранета екстремно левичарска група кои како заложник го држеа обвинителот во една зграда на судот. Лекарите соопштија дека обвинителот имал прострелни рани на главата и во градите. Обвинителот Мехмет Селим Кираз ја истражувал смртта на едно момче кое беше рането од полицијата на антивладините протести во 2013 година.

XS
SM
MD
LG