Достапни линкови

Хамонд: Русија мора да го врати Крим


Шефот на британската дипломатија Филип Хамонд

Шефот на британската дипломатија Филип Хамонд

Шефот на британската дипломатија Филип Хамонд изјави дека Русија мора да и го врати Крим на Украина, кој , како што рече со сила бил анектиран во минатата година. „Анексијата на Крим беше незаконска и нелегитимна во март лани, така е сега“, оценува Хамонд, наведувајќи дека станува збор за грабнување територии од страна на рускиот претседател Владимир Путин. „Ваквото однесување претставува закана за меѓународната безбедност со сериозни последици врз поредокот во светот“, оценува Хамонд во коментарот објавен на онлајн страницата на британското министерство за надворешни работи. На неговите оценки реагира претседателот на Комитетот за надворешни работи на руската Дума Алексеј Пушков наведувајќи: Крим има многу поголемо право да биде руска, отколку Фокландските острови да бидат британска територија“.

XS
SM
MD
LG