Достапни линкови

Асад очекува акција од САД за крај на конфликтот во Сирија


Претседателот на Сирија, Башар ал-Асад денеска изјави дека очекувал акции од страна на САД, откако државниот секретар Џон Кери потврди дека се потребни разговори со Дамаск за да се стави крај на конфликтот во земјата. Асад за државната телевизија рече дека „се уште ги слушаат коментарите и дека треба да почекаат на акциите и потоа да одлучат.“ Иран е најблизок регионален сојузник на Асад. Кери во интервју за Си-Би-Ес, рече дека Вашингтон врши притисок врз Асад за создавање стратегија за запирање на четиригодишниот конфликт во Сирија, во кој загинаа повеќе од 220 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG