Достапни линкови

Украинскиот претседател ја одликуваше пилотката Надја Савченко


Украинскиот претседател Петро Порошенко ја одликуваше руската пилотка Надја Савченко, доделувајќи и „Златната ѕвезда на хероите на Украина“, што претставува највисока национална чест во земјата. Савченко беше заробена од страна на проруските сепаратисти во источна Украина и беше пренесена во Русија каде што беше обвинета за вмешаност во напад во кој загинаа двајца руски новинари. Савченко штрајкува со глад 80 дена. Таа ги негира обвиненијата против неа, велејќи дека била киднапирана и нелегално однесена во Русија.

XS
SM
MD
LG