Достапни линкови

Серија бомбашки напади во Багдад


Во серија бомбашки напади во Багдад загинале најмалку 26 луѓе. Најсмртоносниот се случил во југоисточното предградие Јиср Дијала каде што експлодира автомобил бомба, по што веднаш потоа се слушнала уште една експлозија. Уште пет бомбашки напади имало и во други делови на Багдад. Во меѓувреме, ирачките сили ги продолжуваат напорите за отстранување на милитантите на Исламската држава од градот Багдади во провинцијата Анбар. Ирачките сили се поддржани од воздушни напади што ги изведува меѓународната коалиција предводена од Соединетите држави.

XS
SM
MD
LG