Достапни линкови

Лидерите на ЕУ бараат целосно почитување на договорот од Минск


President of the European Council, Donald Tusk.

President of the European Council, Donald Tusk.

Претседателот на Европската унија, Доналд Туск, изјави дека денеска се консултирал со лидерите на ЕУ за новите мерки со кои треба да се изврши притисок врз Русија и сепаратистите во источна Украина, за да ги исполнат своите обврски според договорот за прекин на огнот.

Туск рече дека имало повеќе од 300 прекршувања на договорот од Минск, за кој беше договорено да стапи на сила на 15 февруари. Тој рече дека Европската унија посветува напори да направи работен договор наречен Минск 2, дури и во моменти на немилосрдни напади врз Дебалцеве и другите региони во источна Украина, од страна на проруските милитанти.

Туск предупреди дека ЕУ јасно дојде до точка кога дополнителните дипломатски напори ќе бидат залудни, доколку не бидат поткрепени со дополнителни мерки. Тој додаде дека во наредните денови ќе се сретне со европските лидери, а на 22 февруари ќе го посети Киев.

XS
SM
MD
LG