Достапни линкови

Заев: со објавувањето на доказите Груевски мора да замине


Зоран Заев, претседател на СДСМ

Зоран Заев, претседател на СДСМ

„На целата македонска јавност мора да ѝ станат достапни сите информации за криминалот и корупцијата на оваа Влада. Според нашиот план, информациите што ги имаме од снимените телефонски разговори, ќе ги објавуваме во наредните 30 до 45 дена“. Ова го изјави Зоран Заев, претседателот на СДСМ во интервју за ТВ Алсат – М, додавајќи: „Ако нема удари под појас од политичкиот противник, рокот е тој, а ако има, тогаш може да се случи сè да се струполи за еден ден. Со објавувањето на доказите, Груевски едноставно ќе мора да си замине. Тој треба да престане да ја мачи Македонија, не е крај на светот, треба овој процес да го остави да се развива по нормалниот пат“, рече Заев. На прашањето за ДУИ и нивната реакција по објавениот разговор на Али Ахмети, Заев изјави дека секој политички субјект што е подготвен да се бори за демократија и слобода има отворени врати за соработка.

XS
SM
MD
LG