Достапни линкови

Сирија и САД не соработуваат во борбите против ИД


Сирискиот претседател Башар ал-Асад вели дека нема директна соработка со Вашингтон во однос на воздушните напади на САД против милитантите на Исламската држава во Сирија, но дека Ирак и други држави му доставуваат информации на Дамаск.

Асад во денешното интервју за Би-Би-Си изјави дека понекогаш постои индиректна соработка со Ирак и со други земји, како на пример пренесување на пораки, но во насока на тактичка соработка.

САД и коалицијата од неколку европски земји и земјите од Персискиот залив, од септември бомбардираат цели на Исламската држава во Сирија, споделувајќи го небото со сириски авиони, кои исто така се борат против ИД и други исламски милитантни групи. Милитантите на Исламскта држава минатата година заземаа големи делови од Сирија и Ирак и прогласија „калифат“.

XS
SM
MD
LG