Достапни линкови

logo-print

ИД тврди дека загинал американски заложник во Сирија


Во наводното соопштение на Исламската држава се вели дека жена од САД која била заложник е убиена во воздужните напади на Јордан врз градот Рака во Северна Сирија.

Стејт департментот соопшти дека не може да ги потврди тврдењата, кои се појавија на веб страницата што ја употребува Исламскат држава. Во соопштението жената е идентификувана како Кајла Жан Милер и се вели дека загинала од воздушните напади за време на петочните молитви.

Нападите траеле повеќе од еден час, а на сликите на сајтот се покажува дека била оштетена зграда. Белата куќа на излезе со каков нбило коментар. Милер е хуманитарен работник, чии идентитет претходно не беше откриен од безбедносни причини.

XS
SM
MD
LG