Достапни линкови

Барак Обама се сретна со Далај Лама


Претседателот на САД, Барак Обама, го поздрави Далај Лама на молитвенот појадок во Вашингтон, нарекувајќи го добар пријател и инспирација за сочуство. Обама ова го изјави за време на говорот за важноста на религискате слободи на појадокот на којприсуствуваше прогонетиот спиритуален лидер од Тибет, Далај Лама. На 2 февруари, Кина го предупреди САД дека им се спротиставува на сите државни претставници, кои „на било кој начин“ одржуваат средби со Далај Лама.

Белата куќа не најави конкретна средба меѓу Обама и духовниот лидер од Тибет, за време на моменталната посета на Лама во Вашингтон. Обама три пати се сретна со Лама. Нивните последни директни разговори беа во февруари 2014 година. Пекинг го обвинува Далај Лама како опасен, кој бара воспоставување на независност на Тибет. Далај Лама вели дека едноставно сака автономија за Тибет и негира дека поттикнува насилство.

XS
SM
MD
LG