Достапни линкови

logo-print

Менување на косовскиот министер Јаблановиќ?


изјави дека ќе се разговара со министерот за враќање и заедници Александар Јаблановиќ за негово можно сменување. Повод е тоа што тој ги нарече „дивјаци“ Албанците кои на Бадник не им дозволиле на Србите да ја посетат црквата во Ѓаковица. Абраши за косовската телевизија изјави дека ги осудува насилствата што се случија во саботата во Приштина кога учесниците на протестот за менување на министерот Јаблановиќ со камења фрлале врз зградата на владата на Косово и полицајците. Лидерот на движењето „Самоопределување“ Албин Курти побара од премиерот на Косово Иса Мустафа да го смени Јаблановиќ до денеска во 16 часот.

XS
SM
MD
LG