Достапни линкови

Грција се подготвува за утрешните избори


Грците утре гласаат на општи избори кои може да ја донесат на власт левичарската партија Сириза, која е против мерките на штедење, и да ја доведат земјата во коализија со меѓународните кредитори. Анкетите покажуваат дека Сириза на Алексис Ципрас има јасна предност од околу четири поени во однос на конзервативната партија Нова демократија на премиерот Антонис Самарас. Можноста Сириза да победи на изборите предизвика загриженост дека Грција може да да ја напушти еврозоната. Ципрас на бирачите им вети дека ќе ги преиспита договорите за кредитите на ЕУ и финансиските организации кои треба да ја извлечат Грција од економската криза и дека ќе бара подобри услови за отплата и обемен отпис на долговите. Стапката на невработеност во Грција е околу 25 проценти. Самарас предупреди дека е опасно да победи Сириза во ситуација кога мерките за штедење почнале да даваат резултати. "Сириза ќе ги сврти сите во Европа против Грција", рече тој.

XS
SM
MD
LG