Достапни линкови

Папата Франциско: луѓето не треба да се размножуваат како зајаци


Папата Франциско

Папата Франциско

Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциско апелираше на поодговорно родителство наведувајќи дека добрите католици не би требало, како што изјави, да се размножуваат како зајаци. Тој наведе дека црквата е против контрацепцијата, но оти тоа не значи дека христијаните би требало да имаат повеќе деца отколку што е безбедно и одговорно. „Најважно од се е дека ниту една надворешна институција не треба да им ги наметнува своите ставови на семејствата“, рече папата Франциско, кој го критикуваше Западот за идеолошка колонизација на земјите во развој.

XS
SM
MD
LG