Достапни линкови

Донетск: Се интензивира битката за аеродромот


Се интензивираа судирите меѓу украинската војска и проруските сепаратисти за контрола на аеродромот во Донетск.Како што се јавува денеска се слушаат екслозии и пукотници, а најмалку шест луѓе се убиени. Киев ги засилува силите на линијата на фронтот каде што владата вели дека ги бранат своите позиции и покрај тврдењата на сепаратистите дека го заземале целиот аеродром. Владината војска во областа го опишува гранатирањето на нивните позиции како еден од најжестоките артилериски напади во девет месечната војна.Се соопштува и дека владините сили успеале да евакуираат 23 повредени војници и телата на тројца загинати. Борбите околу аеродромот се засилија деновиве и покрај договорот за прекин на огнот постигнат во септември.

XS
SM
MD
LG