Достапни линкови

Двете грабнати Италијанки во Сирија се вратија во Рим


Рим

Ден откако беа ослободени во Сирија, двете италијански хуманитарки 20 годишната Грета Рамели и 21 годишната Ванеса Марцуло денеска пристигнаа во воениот аеродром Чиампино во близина на Рим. Тие во август минатата година исчезнаа во северната сириска провинција Алепо додека работеле за хуманитарната група Хоријати која е специјализирана за давање здравствена помош и за снабдување со вода за пиење. На 31 минатиот месец на интернет се појави видео снимка на која тие велат дека биле киднапирани од Фронтот Ал Нусра, филијала на Ал Каеда во Сирија, бидејќи Италија била дел од меѓународната коалиција против милитантите на Исламската држава. Официјален Рим соопшти дека нивното ослободување било резултат на „интензивна работа“.

XS
SM
MD
LG