Достапни линкови

Буџет за враќање на долгови и за развој на Охрид


Седница на Совет на општина Охрид.

Седница на Совет на општина Охрид.

Власта вели дека со проектираниот буџет за 2015 ќе се подмируваат долговите и ќе се овозможи развој, додека опозицијата смета дека ваквиот буџет нема да има развојна компонента

Буџетот за 2015 година кој изнесува скоро 914 милиони денари ги одразува реалните состојби во Oпштина Охрид, односно она што значи задолжување и обврска на општината да ги сервисира долговите кон сите оние на кои им должи, но сепак истиот овозможува развој, онака како што е проектиран. Вака охридскиот градоначалник Никола Бакрачески гледа на новиот охридски буџет.

Ние во овој буџет направивиме баланс помеѓу она што ние како обврска мораме да го плаќаме на оние доверители на кои општината им должиме и она што ние го имаме зацртано како програми кои што треба да се реализираат.

„Ние во овој буџет направивиме баланс помеѓу она што ние како обврска мораме да го плаќаме на оние доверители на кои општината им должиме и она што ние го имаме зацртано како програми кои што треба да се реализираат во текот на 2015 година“, рече Бакрачески.

Но од опозицијата во градскиот совет велат дека буџетот бил нереално проектиран. Јован Стојаноски советник од СДСМ вели дека ваквиот буџет нема да има развојна компонента во периодот кој што следува.

Седиштето на Општина Охрид.

Седиштето на Општина Охрид.

„Тоа се должи, според СДСМ и коалиционите партнери, на два главни фактори. Првиот фактор е недоволните извори кои се согласно втората фаза на децентрализација поставени од централната власт предводена од ДПМНЕ. Во ситуација кога имаме само 4,5 проценти од ДДВ кој што се издвојува за општините и 3 проценти од ПДД нормално е дека нема да имаме високи буџетски приходи. Во ситуација кога најголем дел од приходите не се автохтони во општините во таква ситуација нормално е дека ќе имаме вака ниско проектирани буџети“, рече Стојаноски.

Во ситуација кога имаме само 4,5 проценти од ДДВ кој што се издвојува за општините и 3 проценти од ПДД нормално е дека нема да имаме високи буџетски приходи.

​Кога се проектира еден буџетот мора да се има во предвид што е она што може да го изврши општината, вели Дејан Блажески советник од ЛДП.

„Место да го позиционираат онака како што треба, овој буџет со овој износ на капитални инвестиции е неразвоен. Имаме овде едно ново задолжување за кое што не мислам дека ќе генерира дополнителни приходи“, рече Блажески.

Но Бакрачески вели дека во 2015 година ќе се реализира пообемна развојна програма во однос на минатата година.

„Ветувам дека ќе вложуваме многу повеќе во инфраструктурата, во градење на патишта, улици, во изградба на водоводни и канализациони мрежи, а секако ќе дадеме добар осврт на реконструкција на училиштата и вложување и развој во спортски Охрид“, рече Бакрачески.

XS
SM
MD
LG