Достапни линкови

Без напредок на министерскиот состанок за Украина


Министрите за надворешни работи на Германија, Русија, Украина и Франција не оствариле важен напредок на синоќешниот состанок во Берлин за украинската криза што беше одржан пред најавениот самит на лидерите на четирите држави. Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер изјави дека четиричасовниот состанок зад затворена врата бил отворена размена на мислења, но оти не дал резултати неопходни за средба на лидерите во главниот град на Казахстан Астана. За да се одржи самиот, според оценките на Берлин, е неопходно да дојде до вистинско приближување на ставовите на Украина и Русија.

XS
SM
MD
LG