Достапни линкови

Србија го презеде претседателството со ОБСЕ


Србија го презеде ротирачкото претседателство на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), соопштувајќи дека ескалацијата на кризата во Украина ќе биде врвен приоритет. Србија ќе ја претстави агендата на своето претседателство во Виена, на 15 јануари. Вчера српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, за регионалниот сервис на Радио Слободна Европа изјави дека Србија може да и помогне на ОБСЕ како "фер и објективен посредник", бидејќи земјата има добри односи и со Киев и со Москва. ОБСЕ, заедно со Украина и Русија,учествува во контакт групата во разговорите со про-руските сепаратисти во источна Украина и организацијата има набљудувачка мисија во Украина, со исклучок на Крим. Дачиќ додаде дека Србија има намера да ги пренесе своите искуства, како земја која произлезе од конфликтот и која минува низ транзиција кон демократија.

XS
SM
MD
LG