Достапни линкови

logo-print

Протест против државниот испит


Денеска во 14 часот пред Владата на Македонија ќе започне протест, организиран од Студентски пленум, против полагањето државен испит и реформите во образованието. Пленумот ги повикува граѓаните, студентите, професорите, родителите, средношколците и пензионерите, да излезат и да ги поддржат, а со тоа да не дозволат да продолжи, како што се наведува „монологот на владата“. Од Пленумот очекуваат Владата да ги омекне своите ставови и да ги прифати нивните барања. Деновиве премиерот Никола Груевски, оцени дека државниот испит ќе овозможи поквалитетен високообразовен кадар и оти студентите кои учат нема да имаат проблеми при полагањето.

XS
SM
MD
LG