Достапни линкови

logo-print

Најмалку 17 луѓе убиени во напади во Авганистан


Најмалку 17 луѓе , меѓу кои и жени и деца се убиени во одделни напади во Авганистан,соопштија официјални лица.
Седум полицајци загинале, а пет други биле повредени во северниот дел на покраината кога нивниот контролен пункт бил нападнат од бунтовниците. .Талибанците ја презедоа одговорноста за овој напад.Преходно полицијата соопшти дека најмалку седум цивили, меѓу кои и деца загинале при експлозија на бомба која удрила во нивното возило во источниот дел на Авганистан. Во меѓувреме, во Кабул официјални лица изјавија дека авганистанскиот новинар Зубаир Хатами , кој беше повреден во самоубиствениот напад врз францускиот културен центар претходно овој месец, денеска починал од повредите во болница. Талибанците ја презедоа одговорноста за овој напад, во кој, исто така, загина еден германски државјанин а повредени беа 20 други луѓе. Во извештајот на ОН објавен вчера се наведува дека цивилните жртви во Авганистан достигнале рекордно високо ниво, со 3.188 загинати цивили оваа година.

XS
SM
MD
LG