Достапни линкови

Атмосферата на страв го мати умот на Македонецот


Истражување на Македонскиот центар за европско образование

Истражување на Македонскиот центар за европско образование

Граѓаните се плашат да го кажат своето мислење, оти се плашат од последици, не веруваат во спонтани протести и веруваат дека тајните служби ги прислушкуваат луѓето кои ги сметаат за противници.

Во земјава постои атмосфера на страв, колку луѓето се повеќе образовани, толку повеќе сметаат дека не може слободно да се каже сопственото мислење. Луѓето не веруваат во спонтани потести и мислат дека тајните служби ги прислушкуваат луѓето кои ги сметаат за противниците, покажало истражувањето на Македонскиот центар за европско образование во кое еден од сегментите се и стравовите во Македонија. Тие го направиле истражувањето мотивирани од секојдневните муабети од типот „не е ова за по телефон“, „те прислушкуваат“, „власта знае како си гласал“ , „страв ми е да кажам, се плашам од последици“.

Две третини веруваат дека власта во Македонија има начин да дознае како гласал секој граѓанин, што е надвор од некој рационален аргумент.

„Атмосферата на страв е поголема од она што реално го чувствуваат луѓето како страв, значи јас лично кажувам дека сум слободен, меѓутоа мислам дека другите се неслободни“, вели Љупчо Петковски од МЦЕО.

Љупчо Петковски, МЦЕО.

Љупчо Петковски, МЦЕО.

На прашањето дали слободно го кажуваат своето мислење, 53 проценти од анкетираните одговориле „не“, 42 проценти одговориле потврдно, а 4 проценти со „не знам“ или одбиле да одговорат. Колку бил поголем степенот на образование на испитаникот, толку е поголема застапеноста на одговорот дека граѓаните не го кажуваат слободно своето мислење. Односно најголем дел од оние со високо образование или 67 проценти сметаат дека македонските граѓани не го кажуваат слободно своето мислење, а повеќе од половина, односно 58 проценти од луѓето со основно образование изјавиле дека слободно кажуваат што мислат.

Не постои спонтан протест, не можеш да се побуниш додека некој не те поведе да се побуниш, луѓето што излегуваат на протести се деригирани, и ова е една од причините што ги одвраќа луѓето да се бунат.

На луѓето кои на првото прашање одговориле со „не“, им било поставено прашање: „Според вас, која е причината за тоа?“. Повеќе од 80 проценти од испитаниците одговориле дека не кажуваат што мислат, оти се плашат од последици врз нив и нивното семејство, помали се процентите на оние кои велат дека не говорат слободно поради тоа што „мислат дека ништо нема да се промени“, а има и такви кои рекле дека „никогаш не сме ни имале“ култура на јавно говорење. Потоа ги прашувале испитаниците дали лично се чувствуваат слободни да го кажат своето мислење. Е тука 76 проценти одговориле дека лично кажуваат што мислат, додека 21, 7 проценти велат не, односни имаат проблеми да го кажат слободно своето мислење.

Потоа тие им поставиле и прашање дали веруваат дека власта знае како гласал секој граѓанин на изборите.

„Реално пред секој избори го слушаме, тоа, постојат пенкала, може да се види зад параванот како гласате, и ние сметаме дека тоа намерно се шири, и намерно и ненамерно луѓето го репродуцираат и сакавме да испитаме. Две третини веруваат дека власта во Македонија има начин да дознае како гласал секој граѓанин, што е надвор од некој рационален аргумент“, вели Петковски.

Висок процент на граѓани, односно 63, 6 проценти мислат дека тајните служби ги прислушкуваат комуникациите на противниците. Што се однесува пак до прашањето за протестите, голем дел од испитаниците одговориле дека спонтани протести не постојат, туку тие се поттикнуваат и организираат од центрите на моќ.

„Не постои спонтан протест, не можеш да се побуниш додека некој не те поведе да се побуниш, луѓето што излегуваат на протести се деригирани, и ова е една од причините што ги одвраќа луѓето да се бунат“, рече Петковски од МЦЕО.

Истражувањето е спроведено во периодот февруари-март на репрезентативен примерок од 1.194 испитаници. Тоа се осврнува и на политичката култура и на европеизцацијата на земјата.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG