Достапни линкови

Турска студентка ќе менува изглед за да избега од насилник


Илустрација.

Илустрација.

Турска студентка ќе може да го промени не само идентитетот, туку и надворешниот изглед по одлука на судот, за да се спаси од насилник, јавија турски медиуми. Судската одлука е прва од ваков вид во земјата, каде во изминатите години насилството врз жените значително се зголеми.

Студентката од Измир била подложена на насилство и закани со години, од страна на поранешен пријател. Таа ќе може да го промени целосно идентитетот, но и надворешниот изглед на неограничен период. Сите нејзини лични документи ќе бидат сменети, ќе може да го продолжи високото образование во друга образовна институција, а нејзиниот надворешен изглед ќе биде променет преку естетски и хируршки интервенции.

Промената и на идентитетот и на надворешниот изглед на студентката ќе биде на товар на државата.

Турски медиуми наведуваат дека тоа е преседан во историјата на Турција и напоменуваат дека во друг случај пред тоа судот одлучил идентитетот на жртва на насилство да биде променет само за шест месеци.

XS
SM
MD
LG