Достапни линкови

ЕУ да ги прошири своите извори за снабдување со енергија


Потпретседателката на Европската комисија Кристалина Георгиева.

Потпретседателката на Европската комисија Кристалина Георгиева.

Потпретседателката на Европската комисија Кристалина Георгиева изјави дека ненадејното откажување на Русија од долго планираниот гасовод Јужен тек ја нагласува потребата ЕУ да ги прошири своите извори за снабдување со енергија. Таа рече дека ЕУ треба „внимателно да ги испита последиците од оваа одлука и како да го забрза поврзувањето на земјите членки“. Рускиот претседател Владимир Путин вчера во Турција изјави дека Русија се откажува од плановите за Јужен тек кој требаше да ја заобиколи Украина при испораката на гас во ЕУ.

XS
SM
MD
LG