Достапни линкови

Претседателот Иванов до младите: Од одлуките што ги носите зависи колку ќе ве почитуваат


Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов пред учесниците на денешната Конференција за млади лидери, посветена на предизивиците и можностите за балканското лидерство, истакна дека живееме во свет во којшто сосема поинаку функционираат политиката, економијата, безбедноста и комуникациите и според него во тој свет се потребни лидери кои ќе знаат да носат одлуки. Македонскиот претседател им порача на младите лидери да бидат креативни, да создаваат иновативни идеи, да не подлегнуваат на доминантни школи што од нив ќе создадат само потрошувачи на идеи, добра и на туѓи мисли, туку да го користат слободното време за надоградба на својата личност.

Ѓорѓе Иванов, кој го иницираше дводневниот собир во Охрид, каде учествуваа и поранешните претседатели на Бугарија и на Албанија, Георги Прванов и Бамир Топи, истакна дека кога тие тројцата биле во академската заедница, знаеле да имаат свои ставови врз основа на нивни индивидуални истражувања, анализи и дека она што го имаат како капитал, го стекнале во академската заедница: „Можевме да донесуваме ставови и мислења и во согласност со времето да ги менуваме. Но кога сте лидер и кога сте политичар, од одлуките што ги носите ќе зависи колку ќе ве почитуваат“, рече Иванов.

XS
SM
MD
LG