Достапни линкови

Обама го заобиколува Конгресот


Обама: нова имиграциска политика
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Обама: нова имиграциска политика

Американскиот претседател Барак Обама најави мерки во врска со имиграциската политика. Републиканците се против и најавуваат чекори за да ги спречат мерките. Меѓу нив и импичмент на американскиот претсадател.

Претседателот Барак Обама ќе го заобиколи Конгресот и ќе обелодени административни мерки кои би можело да спасат од депортација околу 5 милиони луѓе кои сега илегално престојуваат во Соединетите Држави.

Претседателот Обама најави дека тоа ќе го стори во денешното обраќање до нацијата. Според Обама, неговите мерки ќе доведот до заздравување на имиграцискиот систем.

„Сите се согласуваат дека нашиот имиграциски систем е скршен. За жал Вашингтон допушти проблемот да се собира предолго време. Затоа, јас ќе направам се во рамките на моите законски овластувања како претседател тој систем да работи подобро. Јас ќе продолжам да работам со Конгресот и ќе го охрабрам да се постигне двопартиски, сеопфатен закон со кој може да се реши целиот проблем“, вели претседателот Барак Обама во најавата постирана на интернет.

Сите се согласуваат дека нашиот имиграциски систем е скршен. За жал Вашингтон допушти проблемот да се собира предолго време.
Барак Обама, претседател на САД

Тој додаде дека документот за новите мерки ќе го потпише за време на неговата утрешна посета на Лас Вегас, каде што за прв пат ја обелодени неговата идеја за реформа на американскиот имиграциски ситем.

Републиканците се поделени околу најавената акција на претседатлот Обама и изминативе денови, како што јавуваат новинските агенции, расправале за можните одговори.

Некои конзервативни членови на Републиканската партија се заканија дека ќе предизвикаат привремено затворање на владата, а има и такви кои ја најавија и можноста за импичмент на претседателот.

Со најавениот потег на Обама и натаму голем дел од над 11 милиони имигранти кои илегално живеат во Соединетите држави остануваат незаштитени.

Сепак и нивните шанси да бидат депортирани се намалуваат, секако доколку не извршиле некакво кривично дело.

Од извори блиски на Белата куќа се дознава дека со акцијата на Обама, освен ослободувањето од стравувањето за депортирање на илегалните имигранти се предвидува и зацврстување на пограничната безбедност, решавање на проблемот со високообразовани странски работници и зголемена помош за недокументираните жители донесени во Соединетите Држави како деца.

„Ние идентификувавме голем број извршни дејствија кои може да се преземат во рамките на нашите постоечки правни овластувања да се поправи имиграцискиот систем. Затоа нашите реформи мора да бидат сеопфатни“, изјави секретарот за внатрешна безбедност Џех Џонсон.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG