Достапни линкови

Републиканците против Обама


Ненси Пелоси и Џон Бејнер на примопредавање на функцијата
Ненси Пелоси и Џон Бејнер на примопредавање на функцијата

Републиканците ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Тие веќе најавија битка против демократите на претседателот Барак Обама околу расходите на владата.

Републиканецот Џон Бејнер е избран за спикер на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со што се официјализира републиканското преземање на контролата врз овој 435 член дом кој досега беше раководен од Демократската партија на претседателот Барак Обама.

Бејнер доаѓа од Охајо, а спикерската функција ја презеде на стартот на новиот 112 Конгрес избран во ноември лани кога демократите го загубија мнозинството.

Џон Бејнер

„Сега го предавам овој чекан и светата доверба што оди со него, на новиот спикер. Господ да те благослови претседател Бејнер. Господ да го благослови овој Конгрес и Господ да ја благослови Америка“, изјави Ненси Пелоси, од Демократската партија, инаку првата жена на чело на Претставничкиот дом, при предавањето на функцијата.

Во говорот во Претставничкиот дом Бејнер изјави дека републиканските пратеници сега ќе мора да ги исполнат ветувањата од изборната кампања за кратење на даноците,
Се собравме денеска во време на големи предизвици. Еден од десет наши соседи е без работа. Трошоците за здравствената заштита се уште растат за американските семејства. Нашето задолжување наскоро ќе ја надмине големината на нашата национална економија.
намалување на големината на американската влада и помагање за да се создадат услови за зголемување на вработеноста.

„Се собравме денеска во време на големи предизвици. Еден од десет наши соседи е без работа. Трошоците за здравствената заштита се уште растат за американските семејства. Нашето задолжување наскоро ќе ја надмине големината на нашата национална економија. На овој 112 Конгрес ќе се бараат напорна работа и цврсти одлуки“, изјави Бејнер, кој како спикер е втор во редот за заменик на претседателската функција, по потпретседателот Џо Бајден, во случај на смрт на претседателот или неможност да ја врши функцијата.

Се очекува републиканците во почетокот на идната недела да организираат гласање за отповикување на обамината реформа на здравството која помина во минатата година.

Но, овој чекор најверојатно ќе биде запрен во Сенатот каде што демократите имаат мнозинство. Сепак и ова навестува неизвесна борба за компромиси околу клучните закони.

Самото враќање на процедурата на законот за здравствената заштита, како што оценуваат аналитичарите, би можело да послужи како шаблон за застој во поделената законодавна власт во последните две години од мандатот на Обама.

Во Сенатот, лидер на мнозинството ќе биде демократот Хари Рид, но со потешка работа, бидејќи и таму демократите иако имаат мнозинство сепак се со помалку сенатори од претходно.

Претседателот на САД Барак Обама на средба со републиканците Џон Бејнер и Мич Меконел

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека очекува реубликанците да се откажат од партиската политика и да се насочат кон заздравување на стопанството.

„Моите очекувања, мојата надеж, е во тоа што лидерот на мнозинството Џон Бејнер и лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел ќе сфатат дека ќе има доволно време да водат кампања за 2012 година во 2012 година, и дека нашата работа оваа година е да обезбедиме економско заздравување. Го очекувам тоа од нив.“

Но, Обама исто така може да очекува дека ќе има потреба од неколку добри адвокати.

Претседатели на неколку комитети на Претставничкиот дом најавија дека ќе покренат истрага за многу одлуки на админситарцијата на Обама, од оние за контрола на храната, преку истекувањето на доверливи документи на американската дипломатија на интернет страницата Викиликс и корупцијата во Авганистан до финансиските регулации на Вол Стрит.

Еден од водечките е и претставникот Дарел Иса од Калифорнија кој како нов претседател на моќниот Комитет за надзор и владини реформи го нарече Обама за еден од најкорумпираните американски претседатели.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG