Достапни линкови

logo-print

ОН: можен целосен конфликт во источна Украина


Советот за безбедност на Обединетите нации одржа итна седница посветена на кризата во Украина. И на неа, како и на претходните 26 досега, Советот не донесе никаква одлука и покрај предупредувањата дека е можно во источниот дел на Украина да дојде до целосен конфликт. Претходно претставник на НАТО потврди дека повеќе конвои со руски тенкови, артилерија и противоздушни единици ја минале границата од Русија во украинска територија која е под контрола на проруските сепаратисти. Русија ги отфрли ваквите наводи.

XS
SM
MD
LG