Достапни линкови

logo-print

Жалбата на украинската пилотка Савчено пред рускиот суд


Судот во Москва започна сослушувањето на жалбата поднесена од украинскиот пилот Надија Савченко, која е заробена во Русија. Таа е обвинета дека е виновна за смртта на двајца руски новинари во источна Украина. Савченко ја обжали одлуката да се подложи на психолошки преглед во ментална установа во Москва.
Расправата првично беше закажана за 27 октомври, но беше одложена за денеска, бидејќи Савченко не беше присутна во судницата. Таа вели дека бала заробена од страна на про-руски сепаратисти во источниот дел на Украина на 18 јуни и „нелегално префрлена“ во руски притвор во јули.
Савченко на изборите во Украина доби место во парламентот.

XS
SM
MD
LG