Достапни линкови

Русија сака да се шири на азискиот пазар


Рускиот претседател Владимир Путин се надева дека земјата ќе ја зголеми трговијата со азиските земји и ќе го прошири својот извоз во регионот. Западните санкции поради кризата во Украина ја принудија Русија да ги зголеми напорите за проширување на азискиот пазар. Путин учествува на Самитот на АПЕК во Пекинг. Трговската размена меѓу Русија и азиските земји сочинува една четвртина од целокупниот руски трговски промет, а Путин се надева дека во иднина ќе се зголеми на 40 проценти.
Европската унија веќе долго време е најголем трговски партнер на Русија. Половина од својот извоз Русија го пласира во земјите од ЕУ.

XS
SM
MD
LG