Достапни линкови

logo-print

Шешељ утре пристигнува во Белград


Претседателот на српскиот Национален совет за соработка со Хашкиот трибунал и потпретседател на Владата, Расим Љајиќ потврди дека Воислав Шешељ утре треба да се врати во Србија.
Тој посочи дека денеска ќе се знае терминот на доаѓање на Шешељ, кој ќе пристигне со редовен лет и оти државата ќе го обезбеди авионскиот билет.
- Станува збор за преседан, бидејќи на Шешељ 12 години не му е изречена пресуда. Целта на Хашкиот трибунал е да се искористи ситуацијата со болеста на Шешељ и лидерот на радикалите да излезе од Хаг и пресудата да ја дочека во Белград, наведе Љајиќ.
Тој истакна дека српската Влада се однесувала крајно професионално и коректно во постапката со Шешељ.

XS
SM
MD
LG