Достапни линкови

Бомбашки напади во Ирак, 20 жртви


Најмалку 20 лица загинале во бомбашки напади во ирачкиот главен град Багдад. Во најсмртоносниот напад кога бомбаш самоубиц го активирал експлозивот на еден контролен пункт во јужниот дел на градот загинале најмалку 20 лица, а 53 биле повредени. Друга експлозија се случила во близина на шатор каде шиитски свештеници се припремале за пат до градот Карбала, но се уште нема информации за жртви. ОН соопштија дека во минатиот месец во Ирак загинале 1237 лица.

XS
SM
MD
LG