Достапни линкови

logo-print

ЕУ ја поздрави амнестијата во Азербејџан


Европската унија ја поздрави одлуката на Азербејџан за амнестија на затвореници, што минатата недела ја најави претседателот Илхем Алиев. Во соопштението од ЕУ се вели дека помилувањето ќе доведе до ослободување на 80 затвореници, меѓу кои најмалку четворица граѓански активисти. Тие овој чекор го опишаат како подобрување на назадувачките тендови и ги повикаа властите во земјата да помилуваат и други граѓански активисти кои се соочуваат со затвор. ЕУ, САД и Комитетот за човекови права на ОН ја осудија репресијата на граѓанските активисти во Азербејџан. Земјата е моментален претседавач со Светот на Европа.

XS
SM
MD
LG