Достапни линкови

Порошенко - напредок во разговорите за гасот со Русија


Одреден напредок е направен во разговорите за испорака на руски гас за Украина, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко. Тој присуствува на Евро-Азискиот Самит во Милано. По разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, францускиот Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел, Порошенко рече дека основните параметри на договорот се поставени, но дека е потребно уште да се дискутира за финансискиот дел.

Русија ја запре испораката на гас за Украина и бара Киев да го врати долгот во износ од неколку милијарди долари. Путин пак разговорите ги опиша како добри, додека Оланд рече дека решението на прашањето за гасот е на дофат. Што се однесува пак до кризата во Украина, Меркел рече дека се уште нема пробив.

XS
SM
MD
LG