Достапни линкови

Повеќето Грци се за директен избор за претседател


Повеќето Грци бараат претседателот на земјата да се избира директно од народот, а не од Парламентот, како што е сега, покажува социолошко истражување. Вкупно 74 отсто од анкетираните се изјасниле за директен избор на шефот на државата, додека 21 процент се согласни изборот да биде во Парламентот. Четириесет и два отсто од испитаниците немаат доверба во ниту една институција, 22 отсто не веруваат во претседателот, 18 проценти немаат доверба во премиерот, додека 17 отсто не му веруваат на градоначалникот. Само 13 отсто испитаници и веруваат на полицијата, додека во црквата имаат доверба 27 проценти. Осумдесет и четири отсто сметаат дека лошото функционирање на институциите довело до економска криза во Грција, а 16 отсто се на спротивно мислење.

XS
SM
MD
LG