Достапни линкови

Милитантите на ИД целат на центарот на Кобани


Милитантите на Исламската држава се обиделе да напредуваат кон центарот на сирискиот град Кобани на почетокот на денот. Од Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, велат дека нападот уследил откако милитантите ден претходно го зазедоа курдското седиште во пограничниот град. Но Курдските борци 90 минути своделе тешки борби со милитантите пред тие да се повлечат назад.
Меѓународната коалиција предводена од САД врши воздушни напади на милитантите, тие извршиле две воздушни напади на цели во јужниот и источниот дел на Кобани од почетокот на 11 октомври, соопшти сириската опсерваторија. Претходно од таму соопштија дека милитантие на ИД држат најмалку 40 проценти од Кобани.

XS
SM
MD
LG