Достапни линкови

Путин ја критикуваше Молдавија во врска со ЕУ


Рускиот претседател Владимир Путин ја критикуваше Молдавија за одбивањето да се консултира со Москва за спогодбата со која се зајакнуваат врските меѓу Кишињев и ЕУ. Зборувајќи на денешниот самит на Заедницата на независни држави во Минск, на кој присуствуваше и молдавскиот претседател Николае Тимофти, Путин изјави дека Договорот за асоцијација на Кишињев со ЕУ може да се одрази на економските врски меѓу Русија и Молдавија. Украина, Грузија и Молдавија ја потресоа Русија со потпишувањето на договорите за асоцијација со ЕУ во јуни годинава. Путин нагласи дека почетокот на спроведувањето на договорот за слободна трговија, кој е дел од договорот меѓу ЕУ и Украина, е одложен до 31 декември 2015 година, како резултат на „интензивните консултации“ на Кремљ со ЕУ и со Украина. Тој рече дека Кишињев не одговорил на „бројните повици“ на Москва да го направи истото.

XS
SM
MD
LG